Заев: Мицкоски ги повлече барањата за амнестија на последниот ден од лидерската среба

На новинарско прашање „дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се согласил со референдумското прашање што го предлага Зоран Заев во замена за амнестија, премиерот денеска одговори дека за промена на членовите 353 и други членови во Кривичниот законик тие не сакале да разговараат на лидерските средби и нема да разговараат се додека тие промени допираат во кој било случај на Специјалното јавно обвинителство.

Премиерот Заев посочи дека ако промена на еден член од Кривичниот законик целосно или делумно урнисува предмет на СЈО тогаш тоа е директна или индиректна амнестија.

„Тоа право го нема ниту Мицковски, ниту Заев, затоа што владеење на право мора да има. Ако некој помисли вакво нешто, првин граѓаните ќе се откажат од нас, а земјите членки во процесот на интеграција ќе не блокираат. Апсолутно преговори од овој аспект немаше. На последниот ден на дискусијата на лидерската средба ВМРО-ДПМНЕ ги повлече овие барања и реално го гледате и чекорот од нас што го направивме“, изјави премиерот.