За судските постапки што се водат, а кои произлегоа по објавувањето на прислушуваните разговори, амнестија нема да има, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
„Не постои никаква можност за амнестија, директна или индиректна, за случаите за кои се води постапка, а кои произлегоа од објавените „бомби“, рече Бошњаковскии на денешната прес-конференција во Владата.