Чавушоглу: Им кажавме на САД дека сме против санкциите кон Иран

Турција им порача на американски официјални преставници дека се противи на санкциите што САД ги воведоа кон Иран и дека нема намера да ги почитува, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

“Ние не треба да ги почитуваме санкциите воведен од една земја кон друга. Не сметаме дека санкциите се оправдани”, изјави Чавушоглу.

Тој нагласи дека ваквиот турски став им бил пренесен на американските претставници во Анкара, на кои им било порачано дека Турција купува нафта и гас од Азербејџан, Русија и Ирак, но и од Иран.