Крај на епидемијата на ебола во Конго

Министерството за здравство на Демократската Република Конго денеска прогласи крај на состојбата на епидемија од заразната болест ебола, која изби во април. Од ебола починаа 33 лица, пред се на северозападот од земјата, а една од мерките за нејзино сузбивање беше употребата на експериментална вакцина со која беа имунизирани 3.300 лица. Болеста почна да се шири во големиот град Мбандака. Министерот за здравство Оли Илунга Каленга денеска соопшти дека, откако поминале 42 дена без нови пријавени случаи на инфекција, епидемијата може да се прогласи за завршена. Ова беше деветта епидемија на ебола во ДР Конго од 1976 година.