Меј ќе ги води преговорите за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека таа лично ќе раководи со преговорите на Лондон со Брисел за условите за истапување на Велика Британија од ЕУ.

„Исклучително значајно е Владата да се организира на најефикасен можен начин за излезот на Велика Британија од ЕУ. Јас ќе ги водам преговорите со ЕУ, а министерот за Брегзит ќе биде мој заменик,“ изјави Меј.

Според Меј, министерството за Брегзит ќе продолжи да раководи со целата подготовка на Владата за напуштање на ЕУ: внатрешно-политичката подготовка, како за сценаро со, така и за сценарио без договор, целата неопходна нормативна база и подготовката за преговорите за идните односи со ЕУ. Владата во Лондон денеска објави и политички документ за Брегзит, во кој се посочува дека Велика Британија ќе продолжи да применува некои европски закони и по истекот на преодниот период по истапувањето од Унијата. Во документот се наведува дека Лондон сака односите меѓу Велика Британија и ЕУ да останат непроменети за време на преодниот период по Брегзит, кој е предвидено да трае до декември 2020 година. Во тој период Лондон би ја признавал надлежноста на Европскиот суд и во Велика Британија ќе важат сите европски закони.