Турција со управувањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган се претвора во „мрачна диктатура", одговори денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанjaху на изјавите на турскиот претседател дека „со носењето на израелскиот закон се покажува дека Израел е фашистичка и расистичка држава“, објави АП.
„Ердоган убива Сиријци и Курди и праќа во затвор десетици илјади Турци. Под негова власт Турција се претвори во мрачна диктатура“, рече Нетанјаху по реакцијата на Ердоган за усвојувањето на законот со кој Израел е „земјата-нација на еврејскиот народ".