Ердоган: Духот на Хитлер се појави, Израел е расистичка и фашистичка земја

Со израелскиот закон, според кој само Евреите имаат право на самоопределување, се дозволува експлоатација и покажува дека Израел е „најционистичката, фашистичка и расистичка земја“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави Ројтерс.

Тој во својот говор во Анкара, пред пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот, истакна дека „новиот израелски закон има за цел да продолжи со притисок и изолирање на Палестинците“.

Според Ердоган, „Израел се покажал како терористичка земја“, напаѓајќи ги Палестинците со тенкови и артилерија.

„Духот на Адолф Хитлер повторно се појави во некои од израелските лидери“, рече Ердоган.