Вучиќ: Ги интересира само тоа како да го заземат северно Косово

Рокот на Брисел за Приштина истекува на почетокот на август, а во однос на статутот на Заедницата на српските општини (ЗСО) не се случува ништо, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објавија српските медиуми.

„Ништо не се случува, а рокот истекува на 4 август. Се сеќавате ли што реков пред четири месеци? Реков дека нема да се случи ништо. Тие имаат една цел, а тоа е како да го заземат северниот дел од Косово. Нив не ги интересира ЗСО“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека ЗСО не може да биде конечно решение за косовскиот проблем, бидејќи е обврска од бриселскиот договор од април во 2013-та година.