ВМРО-ДПМНЕ ДФ: Мицкоски да поднесе оставка, одработува за криминалите на Груевски

Христијан Мицкоски и Тања Каракамишева

Демократската фракција која дејствува внатре во ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од партискиот лидер Христијан Мицкоски да „престане да работи за туѓи интереси и да поднесе оставка од функцијата“.

„По вчерашниот дебакл на лидерската средба по која го видовме вистинското лице и улога на преговарачите на ДПМНЕ сега е вистински и последен момент наметнатиот лидер Мицкоски да поднесе оставка. Партијата да свика вонреден Конгрес и да донесе Когресна одлука со која ќе се определи дали ВМРО ДПМНЕ и понатаму ќе функционира како злосторничко криминално здружение исклучиво за потребите и интересите на соборениот диктатор Груевски и неговата криминална ,,фамилија" или во иднина ќе дејствува како современа демократска и патриотска политичка партија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ДФ.

Од ДФ бараат, како што наведуваат, Мицкоски да престане „да купува време, да одработува за туѓи криминални интереси и да ја срами партијата и итно да поднесе оставка“, бидејќи, како што велат, „неговата епизодна неславна улога завршила вчера“.