Грчката противпожарна служба утрово соопшти дека најновиот биланс на загинати во пожарите околу Атина е 49.
„Бројката на потврдени жртви од пожарите во Грција е 49 лица. 156 лица се повредени, од кои 11 се во критичка состојба. Меѓу повредените има 16 деца, но се вон животна опасност“, изјавила портпаролката на противпожарна служба, Ставрула Малири.
Таа апелирала до граѓаните да пријават доколку некој од нивните блиски е исчезнат во областите каде што беснееше пожарот.
Во изминатите 24 часа, од 6 часот вчера, до 6 часот утрово, во Грција биле регистрирани 47 пожари.