Повеќе од 20 луѓе загинале во близина на Атина, во најголемите пожари што ја погодија Грција во изминативе десет години, соопштија грчките власти. Шумските пожари избувнаа во западниот и источниот крај на Атина по високите температури од над 40 Целзуисови степени и силниот ветер. Пожарникарите соопштија дека имало и над 100 повредени, некои од нив потешко и оти може бројот на жртвите да биде поголем. Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и се врати во земјата при што побара помош од Европската унија и војската.