Мицкоски: Референдумското прашање мора да биде еднозначно

Христијан Мицкоски

Главните разлики меѓу владеачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ според лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски биле околу референдумското прашање. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, според него, е дека референдумското прашање мора да биде еднозначно, онака како што предвидува Законот.

"Не можеме, додаде тој, да се согласиме со прашање со повеќе значења. Прашањето треба да се однесува само на договорот", изјави Мицкоски по средбата.

Оцени дека премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во својата изјава кажал многу лични квалификации за него.