Мицкоски: Прифатено е барањето на ВМРО ДПМНЕ з а техничка Влада

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на паузата на денешната лидерска средба, која е во тек во Клубот на пратениците, потврди дека е постигнат договор да биде прифатено нивното барање за законот за финансирање на политички партии и за измени во законот за влада, според кои пред избори ќе се воведе техничка Влада по пржинскиот модел. Тој дополни дека со тоа ќе се отвори пат за формирање на ДИК со 2/3 мнозинство и оти измените во Изборниот законик ќе бидат повлечени. Мицкоски демантираше дека се побарани измени во кривичниот законик кои би овозможиле амнестија.

На продолжението на лидерската средба, Мицкоски рече дека претседателите на четирите партии ќе разговараат за датумот и начинот на одржување на референдумот и за референдумското прашање