Во терористички напад во Сомалија убиени 27 војници

Припадниците на групата Ал Шабаб се тесно поврзани со Ал Каеда

Во напад со автомобил-бомба врз воената база Бар Сангуи во јужна Сомалија се убиени најмалку 27 војници, објави АП. Одговорноста за нападот на презеде екстремистичката група Ел Шабаб.

Групата објави и соопштение во кое тврди дека ја зазела воената база, а дел од војниците кои биле стационирани таму избегале во шумата.

Ел Шабаб, која е прогласена за терористичка и е на црната листа на повеќе држави во светот, меѓу кои и на САД и Велика Британија, се бори за симнување од власт на централната Влада и нејзина замена со строга шеријатска власт.