Кина почнува анти-дампинг истрага за челикот од ЕУ, Јужна Кореја и Јапонија

Илустрација

Кинеското Министерство за трговија објави дека ќе испитува дали некои производи од нерѓосувачки челик од ЕУ, Јужна Кореја, Јапонија и од Индонезија се продаваат по несоодветно ниски цени и дали тие треба да бидат предмет на антидампинг-давачки, објави АП.

Со ова Кина почнува антидампинг-истрага која, според АП, би можела да ги усложни напорите на Пекинг да ја добие нивната поддршка во царинскиот спор со САД.

Соопштението од киниското Министерство за трговија доаѓа во време кога Пекинг се обидува да добие надворешна поддршка во „трговската војна“ со Вашингтон, кој ги зголеми царините за увоз на стоки од Кина поради наводна кражба на американска технологија.