Собранието денеска одлучи Предлог законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, да се разгледува по завршување на лидерската средба која е во тек во Клубот на пратенците.
За предлогот едногласно гласаа „за“ 78 пратеници, а претходно, едногласно, со 61 глас „за“ и без присуство на опозицијата Собранието ги разреши од функцијата претседателот и членовите на Државнатакомисија за одлучување во управна постапка и постапка во работен однос во втор степен.
Разрешени беа претседателката Ирена Брзанова, како и членовите на Комисијата Илче Бушаревски, Борче Размоски, Влатко Сајковски, Јаготка Иваноска, Менсур Зејнули, Шериф Мемети, Благица Тодороова, Дарко Доневски, Снежана Филиповска Павлеска и Јетмир Лика.