Османи се надева дека лидерите ќе најдат решение за стратешките прашања

Архивска фотографија- вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи

Продолжението од лидерската средба во потесен состав е закажано за в понеделник во 9 часот и се надевам дека ќе најдеме решение за стратешките прашања, што е во интерес на сите граѓани, бидејќи дури 75 отсто од нив се за членство во НАТО и ЕУ. Ова го изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи по средбата со дебарскиот градоначалник Ружди Љата.

Секој, посочи, треба да направи одредени отстапки доколку се сака да се постигне консензус, како што тоа прва го направи ДУИ, која на почеток беше против одржување на референдум.

“ДУИ активно ќе партиципира во референдумското изјаснување и ќе го подржиме до крај, бидејќи тоа е најдоброто решение за државата, што е идентичен став и на другите албански политички партии во земјава”, нагласи Османи

Според него, како главен преговорач во скрининг процесот со ЕУ токму денеска од Дебар го почнал карванот за европеизација на државата и општетството.