Меркел: НАТО ги штити сите свои членки вклучително и Црна Гора

Архивска фотографија- германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека политиката на НАТО за заштита на сите членки на Алијансата важи за сите земји, а не само за големите, вклучувајќи ја и Црна Гора.

Меркел на прес-конференцијата во Берлин изјави дека член 5 од одредбата за колективна одбрана е „централен елемент на НАТО" и дека таа верува дека овој член важи за сите членки на НАТО подеднакво.Според неа, Црна Гора направила големи напори за да стане членка.

Неодамна американскиот претседател Доналд Трамп ја доведе во прашање обврската на Соединетите држави да ја бранат оваа балканска земја во рамките на НАТО.

„Тие се многу агресивни луѓе, тие можат да бидат агресивни и честито, вие сте во Трета светска војна", рече Трамп во интервјуто со Такер Карлсон на Фокс њуз канал, откако беше запрашан зошто американски војници би требало да одат да ја бранат Црна Гора.