Матис бара со санкциите кон Русија да не се казнуваат други земји

Архивска фотографија-американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис побара од конгресот да ослободи некои земји да бидат казнети со санкциите кои САД ги воспостави за руската војска. Во соопштението објавено вчера, Матис наведува дека Русија треба да ја плати цената за “агресивното и дестабилизирачко однесување” , но дека казната не треба да ги опфаќа сојузниците на САД или други земји со кои Вашингтон има добри врски.

Потегот на Матис доаѓа во време на зголемени загрижувања дека санкциите ќе ја опфатат и Индија и други азиски земји со кои САД се обидуваат да ги подобрат односите, но кои имаат долга историја на набавување на оружје од Русија. .

Минатата недела Матис испрати писмо и до претседавачот на комитетот за оружје во сентатот Џон Меккејн со слични наводи. Во септември американскиот државен секретар Мајк Помпео планира да го посети Њу Делхи.