Димитров: Со контра-мерки за косовските царини ќе направиме уште полошо

Македонскиот министер за надворшени работи Никола Димитров вели дека ако Македонија воведе контра мерки поради зголемувањето на косовските царини за овошјето и зеленчукот, работата ќе ескалира во лош правец.

Тој, на заедничка прес-конференција со неговиот косовски колега во Приштина Беџет Пацоли, изјави дека „ќе ја следиме новата европска политика и низ брз дијалог ќе го надминеме ова прашање“.

Според него, во време на поврзување и имплеменитрање на Берлинскиот процес кој токму тоа го налага, треба да се елиминираат бариерите.

„Мислам дека само тоа е патот за заштита и на нашите и на вашите производители. Мислам дека не можете да се заштитите себе си ако го повредите соседот. Не може една мерка да биде добра за Косово, ако не е добра за пријателот во соседството. Мора да најдеме решение“, рече Димитров.