Ципрас-Коѕијас: Грција ќе ги унапреди односите со Русија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас разговарал со шефот на дипломатијата Никос Коѕијас за односите на Грција со Русија, соопшти грчката влада. Тие се согласиле дека Грција секогаш силно ќе одговори кога е во прашање национален суверенитет, како и дека владата ќе продолжи со својата политика за унапредување на односите со Русија на билатерално и мултилатерално ниво. Грчкиот весник „Катимерини", цитирајќи дипломатски извори, на 11 јули објави дека Атина решила да протера двајца руски дипломати и да го забрани влезот во земјата на уште двајца. Атина ги обвини дипломатите за мешање во внатрешни работи и поткопување на националната безбедност на Грција.