Aмериканскиот претседател Доналд Трамп добил обемен извештај од разузнавачките служби за директната улога на рускиот претседател Владимир Путин во мешањето на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година, објави весникот „„Њујорк тајмс“.
Според весникот, „во извештајот се расветлуваат доследните напори на Трамп да го префрли фокусот од било каква улога на Москва одиграна во неговата победа над демократката Хилари Клинтон, вклучително и изјавите во кои тој прво одбиваше, а потоа го прифати откритието на американските разузнавачки служби по состанокот со Путин во Хелсинки“.
„Трамп првпат дознал за руското мешање на 6 јануари 2017 година, две недели пред неговата инаугурација, за време на состанокот во Њујорк во Трамп тауер со тогашниот директор на ЦИА, Џон Бренан, со Џејмс Клапер, тогашениот директор на национаната разузнавачка служба, тогашниот директор на ФБИ, Џејмс Комни и адмиралот Мајк Роџерс, тогашен директор на Националната безбедносна агенција. Тие тогаш му покажале на новоизбраниот претседател Трамп, доверливи информации според кои Путин лично наредил хакирање и кампања на дезинформирање, вклучително и текстови и мејлови на руски воени офицери и информации од строго доверливи извори блиски лично до Путин“, тврди „Њујорк тајмс“.