Во Клубот на пратеници започна лидерската средба за подготовка на референдумот. Во Клубот на пратеници дојдоа премиерот Зоран Заев со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Бујар османи, Мендух Тачи, Африм Гаши, Билал Касами, Лиле Поповска од ДОМ, Горан Милевски ЛДП и Љупчо Димовски од партијата на Љубисав Иванов Ѕинго. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрситијан Мицкоски пристигна со професорката Тања Каракамишева.
За прв пат на лидерската средба се присутни и лидерите на помалите партии.