Косово ги исполни условите за безвизен режим со ЕУ

Косовските Албанци пешачат под знамињата на ЕУ и Косово на главниот плоштад во Приштина, на 4 мај 2016 година

Европската комисија потврди денеска дека Косово ги исполнило и последните две барања за укинување на визите за Европската унија.

Еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос го повика Европскиот парламент и Советот на ЕУ да донесат одлука за укинување на европските визи за косовските граѓани.

Според него, ќе биде неопходно пред укинувањето на визите граѓаните на Косово добро да бидат запознати со правата и обврските за безвизно патување во ЕУ.

На заедничка прес конференција Аврамопулос и претседателот на Косово, Хашим Тачи изјавија дека до косовските власти не е упатена молба за отворање миграциски центар на ЕУ