Заев: Глигоров е еден од великаните во историјата на Македонија

Архивска фотографија Премиерот Зоран Заев положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на претседателите на РМ, Киро Глигоров

Денеска, во мултимедијалниот центар во Штип, беше отворена спомен соба на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија. На свеченоста присуствуваа бројни гости, а премиерот пред присутните истакна дека " Глигоров е несомнено еден од великаните на современата историја на Македонија и на вековниот стремеж на македонските граѓани за самостојност."

Тој забележа дека Глигоров со учеството во НОБ и АСНОМ и двата претседателски мандата речиси половина век беше на врвот на македонската политика.

"Дел од неговиот сон беше да ја види Македонија како рамноправен дел од европското и светското семејство на држави и нации. Во тоа време, Македонија влезе во ООН и во сите важни меѓународни организации. Токму во тоа време Македонија почна да го оди патот на интегрирање во НАТО и ЕУ. Две децении подоцна, по сите голготи низ кои поминавме се наоѓаме пред самата цел на втората етапа, на самиот праг на остварување и заокружување на таа визија. Македонија - суверена и самостојна. Македонија на запад - дел од НАТО и ЕУ. Македонија-просперитетна, земја која оди напред и отвора нови можности за нејзините граѓани", рече Заев.

Во Спомен собата на првиот претседател Киро Глигоров сместена во Општинскиот мултимедијален центар што го носи неговото име, се презентирани неговите лични предмети, фотографии, документи, ордени и признанија кои му биле доделувани во текот на неговата долгогодишна политичка кариера.

Новоизградениот Мултимедијален центар во Штип, кој го носи името на Киро Глигоров е изграден со европски пари