Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска предупреди дека Унгарија ќе се откаже од Договорот со ОН за мигрантите, пред неговото конечно усвојување, бидејќи, како што рече, тој договор е закана за светот, јави новинаската агенција Ројтерс.
„Овој документ е целосно против безбедносните интереси на Унгарија“, изјави Сијарто.
Договорот треба да биде усвоен во декември во Мароко, но Сијарто најави дека Унгарија нема да учествува на тој состанок и дека ќе се спротивстави и ако дојде до гласање на договорот во Генералното собрание на ОН.