Попоски: Потребна е промена на менталитетот

На денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која присуствуваа и еврокомесарот Јоханес Хан и известувачот Иво Вајгел, опозицијата и власта изнесоа различни ставови во однос на институционалната подготвеност на земјата за пристапните преговори.

Претседателот на НСЕИ и член на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски појасни дека скринингот е дијагноза, односно согледување колку сме усогласени со законодавството на ЕУ.

„Наместо да продолжиме во следните шест месеци да печатиме закони за кои куп експерти и наши пријатели од ЕУ ќе оценат дека се супер, да седнеме и шест месеци да се посветиме на скрининг наш, домашен, македонски на капацитетот на институциите за пример. Ако се обединат позиција и опозиција околу скринингот на тие институции Македонија ќе добие. Ако не го смениме тоа, нема да не спаси ни скрининг. Потребна е промена на менталитетот“, рече Попоски.