Неколку клучни магацини за оружје и муниција на бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК) во северен Ирак денес биле бомбардирани од турското воено воздухопловство, јави АП.
Според телевизијата НТВ, цел на нападите биле позиции на ПКК во близина на градот Метин.
Турција ги интензивираше своите операции во северен Ирак, откако во голема мерка ги совлада курдските групи во северна Сирија. ПКК од 1984 година се бори за автономија на регионите населни со Курди во турската држава и се наоѓа на листите на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.