Сеад Кочан не чувствува вина за „Труст“

Сеад Кочан во Стопанска комора во 2013 година, заедно со тогашниот министер за економија Ваљон Сарачини

Бизнисменот Сеад Кочан, првообвинетиот во предметот „Труст“, денеска во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен и дека „покрај сувото гори и суровото“.

„Не се чувствувам виновен затоа што не сум имал никаква умисла да прекршам било кој закон. Единствена цел ми беше да бидам конкурентен на пазарот и да обезбедам работа за моите вработени и нивните семејства“, рече Кочан пред судот.

И обвинетиот Василије Авировиќ во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари.