Денеска консултации, утре лидерска средба

Зоран Заев и Христијан Мицкоски

На заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан, премиерот Зоран Заев изјави дека денеска почнуваат консултациите за свикување нова лидерска средба за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот, што ќе следи во Република Македонија.

„Сите треба да останеме посветени на овој момент, да помогнеме на овој процес, како што укажа еврокомесарот, пред се за доброто на граѓаните на Република Македонија, но и на нашите партнери во ЕУ, и затоа најверојатно утревечер ќе свикаме лидерска средба за да ги забрзаме процесите околу подготовката на РМ за престојниот референдум“, рече Заев.

Шефот на опозицијата, Христијан Мицкоски, како што кажа Заев, в четврток требало да патува, па затоа лидерската средба ќе се договара за утревечер.