Во САД уапсена Русинка обвинета дека била агент

29 годишната Марија Бутина била уапсена во неделата под обвинување дека дејствувала како нерегистриран агент за руската влада.

Американските сојузни власти уапсиле една Русинка под обвинение дека работела на тоа да се уфрли во американски политички организации, вклучувајќи ја и групата која се залага за носење оружје. Таа тоа го правела по упаства на висок официјален претставник на Кремљ. Тоа произлегува од судските записи кои беа објавени во Вашингтон. 29 годишната Марија Бутина била уапсена во неделата под обвинување дека дејствувала како нерегистриран агент за руската влада. Таа работела со цел да влијае врз американски политичари и организации меѓу 2015 и 2017 година.