Хан денеска го отвора скринингот за почеток на разговорите со ЕУ

MЕврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Зоран Заев, Скопје, 18.04.2018.

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија Јоханес Хан денеска ќе престојува во Македонија, со што почнува скрининг процесот на земјата за започнување преговори за членство во Унијата. Според агендата, Хан изутрината ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а потоа и со претседателот на Парламентот Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Еврокомесарот Хан ќе има обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. Во минатата недела Хан во Брисел ги најави посетите на Македонија и на Албанија и започнувањето на скрининг процесот на овие две земји. Еврокомесарот по завршување на средбите во Скопје, попладне ќе замине за Тирана.