Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, побара од светската фудбалска федерација, ФИФА, да реагира до Москва, поради забраната за истакнување на косовското знаме во стадионите низ Русија за време на Светското првенство во фудбал, кое заврши вчера, објави „Газета експрес“.
Во дописот до ФИФА, косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата порача дека „политиката треба да остане надвор од спортот “.
„Огорчен сум од одлуката на Русија да ја забрани употребата на знамето на Косово за време на Светското првенство во фудбал. Косово е членка на ФИФА, која ја повикувам да ја осуди навредата која Русија ја нанесе на една членка на ФИФА. Политиката треба да остане надвор од спортот“, изјави Пацоли за „Газета Експрес“.