МВР има сознанија и за третиот напаѓач на Саздовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на новинарско прашање „дали МВР го пронашло третиот напаѓач на навивачот Никола Саздовски кој беше претепан до смрт и дали е пронајдено возилото од кое излегле напаѓачите“, рече дека возилото и идентитетот на двајца од напаѓачите е утврден уште истиот ден.

„За третиот напаѓач веќе имаме конкретни сознанија и очекуваме многу скоро тоа да се случи“, рече Спасовски и појасни дека кога ќе имаат можност да го обезбедат ќе го обезбедат и ќе информираат за тоа.

Во врска со обвинувањата од опозицијата дека Скопје не е безбеден град откако СДСМ е на власт, Спасовски рече дека фактите говорат нешто сосема друго.