Трамп и Путин ќе разговараат и за македонскиот прием во НАТО?

Владимир Путин на денешната средба со неговиот американски колега Доналд Трамп во Хелсинки би можел да покрене прашање за потенцијалната идна членка на НАТО, Северна Македонија, објави Базфид.

Според Базфид, за Путин секое проширување на НАТО е провокација и Кремљ веќе предупреди дека Македонија била „сосила вшмукана во НАТО“.

„Од една страна, Путин би можел да изнесе идеја дека приемот на Северна Македонија би можел да наштети на американско-руските односи. Од друга пак, земјата и не е толку важно прашање за Кремљ“, објави Базфид.

Во врска со ова, изданието ја цитира Марија Снеговаја од Центарот за европски политики од Вашингтон.

„Всушност, некои про-кремљевски извори сугерираат дека тоа би можело да значи дека групата земји кои ја подржуваат Русија во НАТО ќе се зголеми. Затоа Кремљ нема да го смета зачленувањето на Македонија како сериозна закана“, вели Снеговаја.