Почна средбата Трамп - Путин: Време е да разговараме

Време е да разговараме за односите Москва - Вашингтон, му рече рускиот претседател Владимир путин на неговиот американски колега Доналд Трамп на почетокот на нивниот самит во Хелсинки, објави Ројтерс.

Има многу работи за кои треба да зборуваме, му одговори Трамп.

Со ова почна четвртата средба на претседателите Трамп и Путин од инаугурацијата на Трамп во јануари 2017 година. Според агендата, двајцата претседатели имаат три часа за средба „очи в очи“ во финската Претседателска палата од 19 век, која некогаш била резиденција за руските цареви во Финска.

Според најавите, на маса пред Трамп и Путин се сириското прашање, Иран, Украина и крим, западните санкции кон Русија, аферата со руското мешање во претседателските избори во САД...