Најмалку пет загинати во самоубиствен напад во Авганистан

Архива: Самоубиствен напад во Кабул.

Најмалку пет луѓе се убиени во самоубиствен бомбашки напад пред министерство во авганистанскиот главен град Кабул, соопштија авганистански претставници.

Експлозијата се случила денеска пред Министерствотот за рурална рехабилитација и развој, изјави за АФП портпаролот на полицијата Хашмат Станиџаи.

Портпаролот на Министерството за рурална рехабилитација и развој го потврди нападот велејќи дека првичните информации укажуваат дека се загинати најмалку пет луѓе.

„Очигледно е дека бомбашот самоубиец го активирал експлозивниот елек на портата на нашето министерство. Целта била нашиот персонал кој заминуваше кон своите домови“, вели тој.