Ахмети: Законот за јазици и договорот со Грција е можно да стапат во сила заедно

Архива: Претседателот на ДУИ, Али Ахмети дава изјава во Собранието на Македонија.

Употребата на јазиците може да се очекува и ратификува, но мислам дека постои важен момент, дури и заедно во пакет и законот и Договорот со грчката страна да стапат во сила заедно. Ние разработуваме стратегија за да биде еден успешен чекор, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети за тиранската телевизија „Ора њус.“ Поканата за НАТО што ја доби Македонија, Ахмети ја оценува како позитивна вест за целиот регион.

„Поканата што и се дава на Македонија за членство во НАТО претставува историски момент за мирот во регионот, за стабилноста во Република Македонија, за меѓуетничките односи во Македонија. Секако дека членството на Македонија во НАТО е важен момент за двете најголеми заедници, Македонците и Албанците, бидејќи мирот, стабилноста и безбедноста се од витално значење за нас во Македонија, но ито така тоа е голема придобивка и за целиот регион на Западен Балкан“, вели Ахмети.