Шефот за внатрешна безбедност: Русија прави напори за поделби меѓу народот во САД

Секретарот за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен.

Шефот на американската внатрешна безбедност вели дека разузнавачките служби на земјата гледаат „постојани руски напори“ да ги користат социјалните мрежи и други ресурси да создадат поделби меѓу американскиот народ.

Секретарот за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен зборувајќи на 14 јули на собирот на американските државни секретари во Филаделфија, рече дека Русите ги употребуваат социјалните мрежи „за сеење раздор и поделба меѓу американскиот народ.“

Таа додаде дека сепак напорите не се нужно фокусирани на конкретни политичари или политички кампањи.

Коментарите доаѓаат еден ден отакако САД обвинија 12 руски разузнавачи за нивните улоги во хакирањето на Демократската партија за време на изборите во 2016 година.