Вечерва прослава во 15 градови за поканата од НАТО

Влада на Република Македонија.

Владата на седница одлучи да организира прослава по повод поканата на Македонија во НАТО и датумот за преговори за членство во Европската унија, соопштуваат од владината прес-служба.

45 изведувачи вечерва ќе настапат во 15 градови низ Македонија, а тошоците за продукција и постпродукција ќе бидат обезбедени од Буџетот, а сумата ќе биде објавена по завршувањето на сите пресмети, наведуваат од Владата. За прославата се ангажирани домашни изведувачи, велат од Владата, истакнувајќи дека прославата ја поддржале и локалните самоуправи.

„Македонија заслужи да прослави и затоа ја повикуваме
опозицијата да им честита на граѓаните и да не врши притисок врз
музичарите кои на најтранспарентен, чесен и професионален
начин учествуваат во прославата, врз основа на договори во кои
експлицитно е наведено дека ангажманот е за прослава по повод
поканата за Македонија за членство во НАТО со наслов: Одиме
напред - Македонија во НАТО и ЕУ“, се вели во владиното соопштение.