Тимоние: Македонија ја има поддршката од Франција

Амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние

Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние денеска на средба со премиерот Зоран Заев оценил дека државата оди во правилната насока и оти ја има поддршката од Франција во интеграциските процеси.

Владината прес- служба соопшти дека на средбата премиерот Заев истакнал дека добиената покана за почеток на пристапни преговори со НАТО и најавениот датум за почеток на преговорите со ЕУ, за Македонија и за граѓаните се почеток на реализација на стратешките цели.

Заев изразил уверување дека граѓаните на претстојниот референдум ќе донесат одлука за нивната иднина.

Разговарано е и за повеќе актуелни политички прашања и констатирано е дека функционирањето на правната држава е од голема важност за граѓаните и за државата