Доделени 10,5 милиони евра грантови за 80 домашни компании

Осумдесет домашни средни, мали и микро компании денеска добија грантови во висина од 10,5 милиони евра преку мерките од третиот столб на владиниот план за економски раст.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, кој заедно со премиерот Зоран Заев и со вицепремиерот Кочо Анѓушев ги доделија чековите, рече дека со доделувањето на овие средства е важно дека зад секој 1,4 денар инвестиција од државата, приватната компанија инвестира еден денар.

„Компаниите на кои денеска им доделуваме грантови се компании кои сакаме да ги видиме извозно ориентирани, успешни во светот, компаниите кои ќе го поддржат економскиот развој“, рече Анѓушев.

На повикот објавен од Фондот за иновации и технолошки развој се пријавиле 236 компании.