Анти-Трамп марш во Лондон

Балонот Бебето Трамп беше дел од протестниот марш

Неколку десетици илјади лондончани денеска излегоа на протестен марш против посетата на американскиот претседател на Лондон. Нивниот протест, велат организаторите, е резултат на револтот од политиката на Доналд Трамп за имиграцијата, расните односи, правата на жените и климатските промени, објавија британските медиуми.

Демонстрантите над поворката го пуштија и познатиот балон Бебето Трамп и најавија дека ќе го вивнат над Вестминстерската палата, каде е и централниот протест против политиката на американскиот претседател.

Организаторите на протестот велат дека за денес се најавени протести во околу 50 градови низ Обединетото Кралство.