Ким Џонг Ун со писмо до Трамп за подобрување на односите меѓу двете земји

Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека добил писмо од лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун во која тој изразува уверување оти нивните напори за подобрување на односите ќе успеат. Трамп писмото со превод на англиски јазик го објави на Твитер.

"Цврсто верувам дека силната волја, искрените напори и единствен пристап од моја и ваша страна за отворање на нова иднина меѓу Северна Кореја и САД сигурно ќе се оствари", се наведува во писмото.

Ким изразува надеж за "практични акции" во иднина, но не понудил никакви детали.