Министерот за здравство Венко Филипче убедува дека бесплатното болничко лекување, кое ќе почне од 2019 година, нема да ги остави клиниките и болниците без пари.
„Од буџетот преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе се вложи дополнителен износ средства во сите клиники и болници. Во никој случај нема да се намали бројот на новите методи кои планираме да ги имплементираме“, изјави Филипче.