Одобрена екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија

Судот во Шлезвиг, Германија, денеска го прифати барањето за екстрадиција на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон во Шпанија, врз основа на шпанското обвинение за злоупотреба на јавни средстава, објави Ројтерс.

Според обвинението поднесено од шпанското Обвинителство, Пуџдемон е обвинет за бунт, поттикнување бунт и за злупотреба на државни средства во врска со организацијата на референдумот за независност на Каталонија лани во октомври, кој Уставниот суд на Шпанија го прогласи за неуставен и противзаконски.