Дваесет бомби за „Траекторија“, судењето продолжува во септември

Поранешниот министер Миле Јанакиески пред Суд

На денешното рочиште за случајот „Траекторија“ беа преслушани 20-ина прислушувани разговори од т.н. бомби, по што следното рочиште беше закажано за четврти септември.

Во овој случај на СЈО, до сега се преслушани околу 300 снимени разговори, а на денешното судење како доказ беа доставени разговори за апликацијата за кредит од Кина од период февруари 2013 година, во кои се слуша гласот на поранешниот министер за транспрот и врски Миле Јанакиески со соговорници во кои се договара кои македонски компании да учествуваат во изградбата на патот.

Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид.