Ѓукановиќ: Поканата од НАТО за Македонија е важна и за Подгорица

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека поканата за Македонија да почне пристапни преговори со НАТО е важна одлука и за Подгорица. „Се радувам што Северна Македонија ќе стане нова членка на НАТО“, наведе тој, додавајќи дека со приемот на нови членки во Алијансата се зајакнува стабилноста на Западен Балкан, туку и на Европа и на НАТО просторот. Тој истакна дека на Самитот се донесено важни одлуки за зајакнување на политиката на одбрана и превенција, борбата против тероризмот и најави воспоставување на тренинг мисија во Ирак.