НАТО нема да ја покани Босна и Херцеговина

Јенс Столтенберг

Генерални секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред денешниот самит на НАТО во Брисел изјави дека Алијансата овој пат нема да ja покани Босна и Херцеговина да биде членка на Алијансата.

„Босна и Херцеговина е наш партнер и тоа многу важен партнер. Не очекувам земјите членки на овој самит да разговараат за активирање на Акциски план за членство за Босна и Херцеговина. Исто така, не можам да ви кажам кога таа расправа ќе се најде на нашиот дневен ред“, рече Столтенберг.