Прво внатрешните процедури, па членство во Алијансата

Нацрт-заклучоците на Самитот на НАТО предвидуваат дека Македонија денеска добива покана за старт на преговори за членство во Алијансата и зачленување по заокружување на сите внатрешни проедури, објави МИА.

„Во 2008 одлучивме дека НАТО ќе и додели покана на ПЈРМ за влез во Алијансата штом се изнајде заеднички прифатливо решение за името во рамките на ОН. Го поздравуваме историскиот договор помеѓу Атина и Скопје за решение за спорот за името. Во согласност со нашата политика решивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне преговори со Алијансата. Целосна имплементација на сите предвидени внатрешни процедури во однос на договорот за решение на спорот за името е услов за успешно заокружување на пристапниот процес“, стои во нацрт заклучоците што ги пренесе МИА.